Skip to main content

Украина соопшти дека соборила 90 од 174 дронови со кои Русија извршила напади

Украинската противвоздушна одбрана собори 90 од 174 беспилотни летала со кои руските сили синоќа ја нападнале украинската територија, пренесе Укринформ.

Седумдесет непријателски беспилотни летала се изгубени од радарите, додава украинската новинска агенција, повикувајќи се на украинските воздухопловни сили.

Беспилотни летала „Шахед“ и разни модели на беспилотни летала за мамка беа насочени од Орел, Шаталово, Курск, Брјанск и Приморско-Ахтарск.

Воздушниот напад бил одбиен со авиони, противракетни системи, средства за електронско војување и самоодни огнени системи, забележува Укринформ.

Дроновите биле соборени над регионите Киев, Харков, Полтава, Суми, Чернихив, Черкаси, Кировград, Днепропетровск, Запорожје и Одеса.

Претходно беше објавено дека едно лице е повредено од руски дрон во областа Одеса, а околу 500 домаќинства во предградијата на Одеса останале без струја поради оштетување на електричната мрежа, потсетува Укринформ.

Поврзани вести