Skip to main content

Украина ги завртува славините за проток на руски гас, овие три земји ќе бидат најпогодени

Прекинот на транспортот на руски гас преку територијата на Украина, кој украинските власти го најавија за 1 јануари, би предизвикал нарушувања на пазарот на „сината енергија“ и скок на нејзините цени на берзите, а „најдебелиот крај“ би го извлекле биле земјите од Европската унија, кои се уште се големи увозници на таа енергија, како што е Словачка, анализира „Нин“.

Украинските власти постојано најавуваат дека нема да го обноват договорот со Москва, односно државниот гигант Гаспром, за транспорт на руски гас преку нејзина територија, што е последица на руската агресија врз Украина.

Словачкиот премиер Роберт Фицо предупреди дека ако Украина одбие да го продолжи договорот, кој истекува на 1 јануари следната година, може да дојде до гасна криза во Европа.

Ваквата реакција на словачкиот премиер беше очекувана бидејќи таа земја би била најголемиот губитник доколку Киев навистина донесе одлука да го запре транспортот на руска нафта преку Украина. Имено, Словачка има долгорочен договор со Гаспром за снабдување со „сина енергија“ и сака да го задржи протокот на гас за своите потрошувачи низ Украина, бидејќи купувањето на друго место би ја чинело земјата 220 милиони евра повеќе поради транзитни трошоци. Затоа, Фицо го покрена ова прашање на самитот на Европската унија во Брисел, на кој присуствуваше и претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Извор: Nin.rs

Поврзани вести

Deneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom girişcasibomcasibom girişcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom 726Bonus veren sitelerCasibom 2024 - 2025Canlı BahisBedava deneme bonusucasibom güncel girişcasibomcasibomcasibom