Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се подготвува за историска посета на Сирија со голема делегација министри и инвеститори. Ердоган, по состанок на владата, изјави дека Турција одржува блиски контакти со новата сириска администрација и дека ќе и ја пружи секаква можна поддршка.
Заеднички тим на Државната управа за аеродроми и Туркиш ерлајнс ќе пристигне во Дамаск за да изврши инспекции и воздухопловни безбедносни проверки на меѓународните аеродроми во Дамаск и Алепо.
Според различни извори, Ердоган планира да го посети Дамаск на 27 декември и да ја изврши петочната молитва во џамијата Омајад.
За потсетување, во 2012 година, во време на затегнати односи со власта на претседателот на Сирија Башар ал Асад, турскиот претседател вети дека ќе се моли во џамијата Омајад во Дамаск.