
Најмалку тројца беа убиени, а девет беа повредени во напад што го потресе тајванскиот главен град Тајпеј синоќа. Напаѓачот, вооружен со нож и димни бомби, ширел паника на станиците на метрото за време на шпицот, а подоцна починал откако паднал од зграда додека полицијата се обидувала да го уапси, јавува Би-би-си.
Нападот започнал околу 17:20 часот по локално време на главната метро станица во Тајпеј. Според тајванскиот премиер Чо Јунг-таи, 27-годишниот осомничен, идентификуван како Чанг Вен, прво активирал димни бомби и молотови коктели. Еден човек кој се обидел да го запре бил погоден со тап предмет, а подоцна починал во болница.
После тоа, напаѓачот избегал низ подземниот трговски центар до блиската станица Џонгшан, оддалечена околу 800 метри. Патем, застанал во својот хотел за да земе оружје, а потоа се вратил на улицата пред станицата Џонгшан каде што активирал дополнителни димни бомби и напаѓал минувачи со нож.
Снимките на социјалните мрежи покажуваат како луѓе бегаат во паника додека напаѓач облечен во црно фрла димни бомби. Бегајќи од полицијата, напаѓачот влегол во блиската книжарница и продавница. Откако полицијата го опколила, тој паднал од зградата и починал кратко потоа во болница. Неговиот мотив засега е непознат.
Премиерот Чо Џунг-таи нареди зголемени безбедносни мерки на станиците на метрото, железничките станици и аеродромите.

Македонски






