Skip to main content

Трамп: За мене е многу важно сите земји од Блискиот Исток да се приклучат кон „Абрахамскиот договор“

Facebook / Donald J. Trump
Facebook / Donald J. Trump

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави денеска дека е важно земјите од Блискиот Исток да се приклучат кон „Абрахамскиот договор“ и посочи дека тоа ќе донесе мир во регионот.

Сега кога нуклеарниот арсенал што Иран го „создаваше“ е целосно готов, за мене е многу важно сите земји од Блискиот Исток да се приклучат кон „Абрахамскиот договор, напиша Трамп во објава на социјалните мрежи.

Како дел од „Абрахамскиот договор“, потпишан за време на првиот мандат на Трамп, четири земји во кои преовладува муслиманско население се согласија да ги нормализираат дипломатските односи со Израел со посредство на САД.

Напорите за проширување на договорот се комплицирани поради зголемениот број жртви и гладта во Газа, забележуваат агенциите.

Поврзани вести