Skip to main content

Трамп воведува построги правила за Канаѓаните во САД

Според новиот указ на американскиот претседател Доналд Трамп, објавен во американскиот Службен весник, Канаѓаните кои престојуваат во САД повеќе од еден месец ќе имаат обврска да го пријавуваат престојот.

Досега ова правило не важеше за канадските државјани.

Новото правило стапува во сила на 11 април, а особено ќе ги погоди стотиците илјади канадските пензионери, кои често зимуваат во јужниот дел на САД.

Се претпоставува дека новото правило ќе влијае на 2,2 до 3,2 милиони луѓе, вклучително и на „канадски посетители кои влегле во САД преку копнените гранични премини и не добиле доказ за регистрација“.

Канада веќе со недели е мета на Трамп, кој не се откажува од дипломатските и трговските напади врз соседната држава и најголем трговски партнер, без оглед дали станува збор за изјави за Канада како 51-ва американска држава или за воведување царини.

Поврзани вести