
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не планира да го смени претседателот на Федералните резерви Џером Пауел, но сака пониски каматни стапки, а тие негови изјави би можеле да ги намалат тензиите што се појавија околу иднината на шефот на Американската централна банка.
Критиките често следеа по заканувачките изјави, како што се минатонеделните објави на социјалните мрежи во кои тој напиша дека „едвај чека“ Пауел да биде отпуштен. Тој го нарече „голем губитник“ и „господин Предоцна“, бидејќи не поддржуваше намалување на основната каматна стапка, што влијае на трошоците за задолжување низ економијата.
Забелешките предизвикаа страв на финансискиот пазар, кој ја гледа независноста на Федералните резерви како основа на нејзиниот кредибилитет на глобалната финансиска сцена.
Но, иако тие закани сега се чини дека исчезнаа, неговите критики за политиката на Федералните резерви кон каматните стапки остануваат исто толку остри.
