
Претседателот на САД Доналд Трамп веќе се подготвува за средба со Владимир Путин на која се очекува да биде ставен крај на војната во Украина, Тој објасни зошто не ја сака ЕУ на преговорите во Саудиска Арабија.
„Ќе бидеме само јас и Путин, нема да поканиме претставници на Европа. За мене нема да има војна и ако Европа има проблем со тоа, тогаш Русија нека ја победи сама без американско учество.
За ЕУ вели:
Нивните претставници треба да одат во војна, им треба долгорочен конфликт, за да ја прикријат нивната неспособност, нивните лоби и нивните украдени пари. ЕУ веќе ја класифицирам како земја од трет свет, ама малку е подобро, никој ништо не им диктира. Нема да преговарам со никој што сака да го пролонгира конфликтот, нема да преговарам со никој што ќе испрати повеќе оружје, нема да преговарам со тие што ќе се обидат да добијат повеќе муниција, нема да преговарам со никој што ќе се обиде да го продолжи конфликтот. Ќе преговарам за мирот, кој очигледно е многу цензуриран збор во ЕУ“.
Изјавата на Трамп доаѓа додека САД и Русија се подготвуваат за првични разговори во Саудиска Арабија во наредните денови.
Во исто време, руското издание Комерсант објави дека разговорите за Украина ќе започнат во вторник во саудискиот главен град Ријад.
Американски официјален претставник изјави дека американскиот државен секретар Марко Рубио ќе ја предводи делегацијата што ќе ја посети Саудиска Арабија на директни разговори со руски официјални претставници во наредните денови за да се бара крај на руската инвазија врз Украина.
Во разговорите во Ријад се очекува да бидат вклучени американскиот советник за национална безбедност Мајкл Волц, како и специјалниот пратеник на Трамп за Блискиот Исток, Стивен Виткоф, изјави американскиот претставник.