Skip to main content

„Волстрит џурнал“: Трамп избра цели за напад во Венецуела, се подготвува удар

Facebook/U.S. Army

Соединетите Американски Држави се подготвуваат да одобрат напад врз воени објекти во Венецуела, кои, според американските медиуми, наводно се користат за трговија со дрога. Листата на цели вклучува пристаништа, поморски објекти и аеродроми, пишува „Волстрит џурнал“.

Носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“ е испратен во Карипскиот басен во близина на Венецуела, придружуван од група разурнувачи, вооружени со крстосувачки ракети „Томахавк“ и авиони Ф/А -18 способни за електронско војување.

Конечната одлука за денот на копнени напади сè уште не е донесена. Во моментов, Белата куќа користи информативна кампања во која претседателот на Венецуела Николас Мадуро е претставен како шеф на нарко картел за да ја тестира стабилноста на неговата власт. Американскиот претседател Доналд Трамп, претходно отворено изјави дека во случај на „закана за САД“, тој е подготвен да „бомбардира“ која било земја.

Истовремено, Венецуела ја подгна својата воена одбрана на највисоко ниво. Земјата има шест комплекси С-300 и преносни ракетни системи „Игла“. Исто така, според медиумите, руски транспорт со елементи на воздушна одбрана деновиве пристигнал во Каракас.

Поврзани вести