Skip to main content

Трамп „ги убедува“ Курдите да извршат копнена офанзива врз Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп им се обратил на лидерите на курдското малцинство во Иран и Ирак, нудејќи им „силно воздушно покривање од САД“ и поддршка на иранските Курди кои се спротивставуваат на власта во Иран за да извршат копнена офанзива и да заземат делови од западен Иран, информираат неколку лица запознаени со овие напори, пренесуваат светските медиуми.

Во разговорите извршени оваа недела со лидерите на курдските групи ПУК, Барзан Ибрахим ал-Тикрити, КДП, Масуд Барзани, и ПДКИ, Мустафа Хиџри, Трамп јасно ставил до знаење дека Курдите мора да изберат страна.

Курдите мора да изберат страна во оваа битка – или со Америка и Израел или со Иран“, висок функционер на ПУК го пренесува пораката што Трамп им ја испратил на Курдите.

Сепак, во разговорите немало конкретна порака што планира Трамп да направи доколку курдските групи одбијат да извршат напади врз територија на Иран.

Поврзани вести