
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Јордан и Египет треба да прифатат повеќе Палестинци од Појасот Газа, каде што во војната меѓу Израел со палестинската група Хамас загинаа десетици илјади луѓе и каде хуманитарната ситуација е очајна.
На прашање на новинарите за тоа дали неговата сугестија се однесува на краткорочно или долгорочно прифаќање на Палестинците во тие земји, Трамп одговори дека „може да биде и едното и другото“.
Минатата година, за време на администрацијата на Џозеф Бајден, официјален Вашингтон порача дека се противи на принудното раселување на Палестинците, додека групите за човекови права и хуманитарните агенции со месеци изразуваат загриженост за ситуацијата во Газа, во која поради војната речиси целото население е доведено до раб на гладување.