Skip to main content

Такер Карлсон: Путин ја обезглави олигархијата, која не и служеше на Русија, затоа Западот го мрази

Американскиот новиар Такер Карлсон, во разговор со Мајк Бенц, поранешен службеник на американскиот Стејт департмент, изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ја обезглави олигархијата во Русија и тоа е причината зошто Западот го мрази.

Суштината на ова, за кое никој никогаш не зборува овде, е одлуката на Путин да ја обезглави олигархијата. Затоа Западот го мрази. Покрај тоа, тие велат дека тој ги принудил и олигарсите да соработуваат, да работат за него, а не за некој надвор. Секако дека го направи тоа. И со текот на времето, руската економија се опорави, животниот век се зголеми, стапките на алкохолизам се намалија и земјата стана убаво место за живеење. Олигархијата не ѝ служеше на Русија уште од самиот почеток, тоа е поентата“, изјави Карлсон.

Според Карлсон, претставниците на „длабоката дрѓава“ во САД се исплашени од претседателот Доналд Трамп, да не појде по стапките на Путин и да „се пресмета“ со нив.

И врвот на апсурдноста: кога ова прашање се поставува во Соединетите Држави, човек од Советот за надворешни односи вели: „Со оглед на тоа што се случи со Путин, како да ја спасиме „длабоката држава“ од Трамп за да може „длабоката држава“ да нè спаси нас?“ Ова е директен цитат. Болни луѓе“, изјави Карлсон.

Поврзани вести