Skip to main content

Тајани повика на активирање на помошта од ЕУ за Тајланд и Мјанмар

PrintskrinX

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани повика на активирање на помошта на Европската унија, откако најмалку 140 луѓе загинаа во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што денеска ги погоди Тајланд и Мјанмар.

Италијанското Министерство за надворешни работи ја испитува можноста за заедничко дејствување на Европскиот систем за цивилна заштита, а на европско ниво се врши заедничка проценка на состојбата и штетите.

Се проценува дека во моментов во Тајланд се наоѓаат околу 7.000 Италијанци, а во Мјанмар околу 100, на кои им се испратени предупредувачки пораки, додека се уште се утврдува дали има загинати или повредени Италијанци во земјотресот.

Поврзани вести