
Италијанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Антонио Тајани по повод смртта на папата Франциск на денешниот Велики понеделник изјави дека поглаварот на Римокатоличката црква „се вратил во домот на Отецот“, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.
Папата Франциск се врати во Домот на Отецот. Грижа за создавањето, милоста и братството: тој беше голем понтиф, рече Тајани.
Тој беше пријател на Италија. Да се молиме за него и за иднината на целата Католичка црква. Светиот Отец нека не заштити од таму горе, напиша тој на социјалната мрежа „Икс“.