
Во рамки на третото коло во групата Б на Европското првенство, македонската одбојкарска репрезентација загуби попладнево во Софија од бранителот на титулата Полска со 3-0.
Македонските одбојкари му пружија достоен отпор на актуелниот европски првак во првиот сет во кој се играше рамноправна одбојка, а откако не искористивме два контранапади на поен негатива (16-15), Полјаците освоија три едноподруго поени и го добија сетот со 25-19.
Полска доминираше во вториот сет кој го отвори со водство од 4-1 и во продолжението ја зголемуваше предноста за конечни 25-16.
Полјаците продолжија во ист стил и во третиот сет што го отворија со 5-1 и ја искористија втората сет топка за 25-13 и за 75 минути игра дојдоа до третата победа без загубен сет на турнирот.
По воведните три кола, македонската репрезентација е последнопласирана во групата Б без освоен сет, пред дуелот против Португалија, во вторник со почеток во 15 часот.

Македонски

