Skip to main content

„Фајненшл тајмс“: Поради трговските војни на Трамп светот се движи кон трговија без САД

Светот се движи кон трговија без САД, но дури и самите Американци сфаќаат дека бескрајните трговски војни на нивната влада само и штетат на државата, пишува „Фајненшл тајмс“.

Иако Трамп допрва треба да ги исполни своите тарифни ветувања, тој веројатно ќе го стори тоа. Постои постојан страв дека агресивната позиција на американскиот претседател ќе посее глобални превирања, ќе го задуши растот и ќе ги расипе пазарите, особено ако земјите цел на тарифите возвратат Но, одмаздата не е единствената опција“, пишува весникот.

Соединетите Држави ги засилуваат царините веќе осум години, при што Бајден зголеми многу од тарифите што ги наметна Трамп. Некои земји преземаат слични мерки, додека други нудат отстапки или ги оспоруваат мерките. Но, повеќето едноставно тивко се повлекуваат, барајќи да тргуваат со други земји без САД.

Америка може да добие доминантна позиција како финансиска и економска суперсила, но да ја изгуби својата позиција во трговијата. Нејзиниот удел во светската трговија е веќе помал од 15%, а тој нагло се намали во последните осум години. Пет од 10-те најбрзорастечки трговски коридори завршуваат во Кина, а само два од нив завршуваат во САД.

Трговските војни што Трамп сака да ги иницира само ќе ги забрзаат овие трендови. Тоа би можело, на долг рок, да биде позитивно за Америка ако може да спроведе голема програма за замена на увозот“, се вели во текстот.

Поврзани вести