
Стотици илјади луѓе во австралиската држава Квинсленд денеска останаа без струја откако тропската бура Алфред, иако слабее, донесе силни ветрови, обилни врнежи и предупредувања за поплави во областа.
Според соопштението на австралиската компанија за дистрибуција на електрична енергија Енергекс, околу 316.540 луѓе во југоисточниот дел на Квинсленд останале без струја, а градот Голд Коуст е најтешко погоденото подрачје со повеќе од 112.000 луѓе кои останале без струја, пренесува Ројтерс.
Невремето стигна до брегот на Квинсленд во саботата како „тропска бура со низок интензитет“.