
Србин застанува на чело на американска државна банка.
Следен шеф на Експорт-импорт банката на САД ќе биде финансиерот Јован „Џон“ Јовановиќ, објави американскиот претседател Доналд Трамп.
Јовановиќ магистрирал бизнис на Факултетот Вартон на Универзитетот во Пенсилванија и дипломирал политички науки од Принстон, додаде американскиот лидер.
Банката, основана во 1934 година од претседателот Френклин Д. Рузвелт, има задача да дава кредити за извоз на американски стоки и услуги.