Skip to main content

Сопругата на Ердоган ја повика Меланија Трамп да покаже сочувство и за децата во Газа

mohammed-ibrahim-on-unsplash

Првата дама на Турција, Емине Ердоган, испрати писмо до сопругата на американскиот претседател Меланија Трамп во кое бара таа да заложи и да покаже исто сочувство кон децата и цивилите во Појасот Газа, како што покажала кон жртвите од војната во Украина.

Емине Ердоган бара од Меланија Трамп да стапи во контакт со премиерот на Израел и да се заземе за децата во Појасот Газа.

Емине во писмото наведува дека во Појасот Газа за две години загинале повеќе од 62.000 цивили од кои 18.000 се деца.

Таа во писмото додава дека во Појасот Газа не се случува само геноцид, туку и неправда во меѓународниот поредок, кој ги цени животите на некои луѓе повеќе од другите.

Како мајка, жена и човечко суштество, длабоко сочувствувам со емоциите што ги изразивте во вашето писмо. Се надевам дека ќе имате иста надеж за децата од Газа, истакнува Емине Ердоган.

Меланија Трамп претходно испрати писмо до рускиот претседател Владимир Путин во кое изрази загриженост за украинските деца.

Белата куќа не излезе со официјален коментар за писмото на првата дама на Турција.

Поврзани вести