Skip to main content

Словачка ќе им дава привремен азил на Украинците до март 2026 година

Владата на Словачка на денешната седница одлучи да обезбеди привремен азил за Украинците до 4 март 2026 година, а секое натамошно продолжување ќе биде автоматско и во рамките на одлуките на Советот на Европска Унија.

– Доколку причините за привремената заштита останат, Советот на ЕУ ќе ја продолжи по 4 март 2026 година, врз основа на предлог од Европска комисија, се наведува во предлогот доставен од словачкото Министерство за внатрешни работи.

Словачка обезбедува привремен азил за Украинците од почетокот на војната во Украина. Подоцна, доделувањето на привремен азил, вклучително и временското ограничување, беше усогласено со доделувањето привремена заштита во согласност со одлуката на Советот на ЕУ. 

Поврзани вести