Skip to main content
Поранешен функционер на американскиот Стејт департмент тврди

Следниот чекор во ескалацијата на Западот против Русија е употребата на ракети со долг дострел

Printscreen / X / Israel Defense Forces @IDF

Поранешниот функционер на американскиот Стејт департмент, Џим Џатрас, предупредува сдека Западот планира можна нова рунда на ескалација во украинскиот конфликт. Според него, одлучувачкиот момент би можел да биде употребата на германски ракети со долг дострел „Таурус“ од страна на Киев против Русија.

Најверојатното сценарио во моментов е употребата на некои ракети со долг дострел… Мислам дека главниот настан би можел да биде употребата на германски ракети „Таурус“, што би била следната значајна фаза на воена ескалација“, вели тој.

Џатрас забележува дека Западот сè уште има многу начини да ја ескалира ситуацијата, вклучително и со разузнавање и тајни операции.

Секогаш би можеле да се соочиме со провокации под лажно знаме. МИ6 веројатно готви нешто во моментов“, додава Џатрас.

Поврзани вести