
Украинскиот претседател ВолодимирЗеленски денес ја посети најзападната област Транскарпатија, во која мнозинското население се етнички Унгарци. За време на посетата, Зеленски изјави дека им изразил благодарност на локалните граѓани за поддршката која ја пружаат на фронтот против Русија, и доделил одликувања на ветерани од регионот.
Ова предизвика остра реакција од Унгарија, која долго време го обвинува Зеленски за присилно регрутирање на етнички Унгарци од оваа област.
Зеленски не треба да прави политички театар во Транскарпатија, на само неколку дена пред изборите во Унгарија. Наместо тоа, треба веднаш да престане со принудното регрутирање, со отворениот лов на луѓе на улиците и да ги врати малцинските права на унгарското малцинство во Транскарпатија, кои им беа ограничени во 2015 година, порача унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Сијарто неодамна беше во Москва, од каде се врати со двајца етнички Унгарци кои биле регрутирани во украинската војска и заробени од Русите.

Македонски


