
Германскиот канцелар Олаф Шолц, по неформалниот состанок на европските лидери за Украина во Париз, повика на единство меѓу Европа и САД во однос на одговорноста за украинската безбедност, објавија странските агенции.
Коментарот на Шолц беше за напорите на САД да почнат преговори со Русија без консултација со Европската Унија.
Не смее да има поделба за прашањата за безбедност и одговорност меѓу Европа и САД. Со други зборови, НАТО е основан на база секогаш да дејствуваме заедно и да го споделуваме ризикот, а со тоа да ја обезбедиме нашата безбедност. Ова не треба да се доведува во прашање“, рече Шолц по денешниот вонреден самит чиј домаќин беше францускиот претседател Емануел Макрон.