Украина верува дека севернокорејските трупи стационирани во руската област Курск се повлекле поради големите загуби што им ги нанела украинската армија.
„Во текот на изминатите три недели, не видовме ниту откривме никаква активност или вооружена конфронтација со Севернокорејците. Веруваме дека тие се повлекле поради големите загуби што ги претрпеа“, рече полковникот Олександр Киндратенко портпарол на украинските специјални сили.
Информации за тоа беа објавени во американскиот дневен весник „Њујорк тајмс“.
Пред два дена, Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, на социјалната мрежа „Екс“ напиша дека „некои севернокорејски единици се повлечени од линијата на фронтот во регионот Курск, според извештаите на украинските сили за специјални операции. “
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одби да коментира на темата на прашањето за извештајот на Њујорк тајмс за време на брифингот во Москва.
Сеул, Киев и Вашингтон тврдат дека од октомври минатата година, Северна Кореја распоредила околу 11.000 војници во областа Курск, кои треба да и помагаат на Русија