Skip to main content

Сенатот на САД 14-ти пат по ред го одби привремениот предлог-буџет

Сенатот на Соединетите Американски Држави денеска, 14-ти пат по ред, не успеа да го усвои нацрт-законот за финансирање на владата, кој претходно беше одобрен од Претставничкиот дом.

Процедуралното гласање заврши со резултат 54 спрема 44, што е под потребните 60 гласа.

Ова е 14-ти пат како Сенатот го одбива привремениот буџетски предлог на Претставничкиот дом, со што се продолжува блокадата на работата на владата, која трае веќе 35 дена и со ова одбивање стана најдолга во историјата на САД, наведува Ен-Би-Си Њуз.

Демократите Кетрин Кортес Масто од Невада и Џон Фетерман од Пенсилванија, како и независниот сенатор Ангус Кинг од Мејн, кој се приклучува на демократскиот блок, гласаа за почнување на постапката, додека републиканецот Ранд Пол од Кентаки беше единствениот од неговата партија кој гласаше против. Сенаторите Кори Букер од Њу Џерси и Том Тилис од Северна Каролина не гласаа.

Поврзани вести