Skip to main content

Се урна дел од покривот на затворот „Реџина Чели“ во Рим, нема повредени

Freepik

Дел од покривот на затворот „Реџина Чели“ во Рим се урна, но никој не е повреден, објавија локалните власти.

Агенцијата за управување со затворите соопшти дека нејзиниот раководител, Стефано Кармине Де Микеле, веднаш пристигнал во затворот.

-Во моментов нема извештаи за повредени, но некои делови од затворот се неупотребливи“.

Де Микеле ќе ги процени „неопходните и итни мерки што треба да се преземат за справување со ненадејната вонредна состојба што се појави во затворот во Рим“, се додава во соопштението.

Поврзани вести