Skip to main content
Дел од системот за рано предупредување

Сателитски снимки покажуваат дека Иран уништил вреден американси радар со долг дострел во Бахреин

Новообјавени сателитски снимки покажуваат дека за време на ракетни и напади со беспилотни летала на Иран изведени на 11 јуни, бил целосно уништен американски радар со долг дострел AN/TPS-59 стациониран во Бахреин.

Претходните извештаи сугерираа дека целта бил радарот AR-327. Сепак, новите информации сугерираат дека станува збор за радарот TPS-59.

Овој радар служи како систем за рано предупредување со долг дострел, дизајниран за откривање и следење на балистички ракети за ракетните системи „Патриот“ и „Хоук“. Дострелот на овој радар во неговата верзија (V)3 е приближно 740 километри.

Овој радар беше распореден во Бахреин во близина на воздухопловната база Сахир од 2007 година. Способноста за прецизно таргетирање на овој радар меѓу густите слоеви на американската воздушна одбрана во јужниот дел на Персискиот Залив е извонредно достигнување за Иран.

Поврзани вести