Skip to main content

Саркози ќе ја отслужи затворската казна во Париз

Facebook / Nicolas Sarkozy

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе почне да ја отслужува казната во парискиот затвор Ла Санте во вторник, објавија денеска француските медиуми.

Кога ќе го напушти својот дом во Париз, ќе биде придружуван од колона сниматели на мотоцикли, објави „Ле Фигаро“.

Автомобилот на Саркози ќе вози директно до затворскиот комплекс, каде што поранешниот претседател ќе го пречека директорот на затворот, а чуварите ќе го придружат до крилото со висок степен на безбедност каде што се наоѓа неговата ќелија. Тој ќе биде во самица во затворот Ла Санте, објави БФМ ТВ, повикувајќи се на извори.

Саркози беше осуден во септември за криминален заговор во врска со финансирањето на неговата претседателска кампања во 2007 година со средства од Либија во замена за дипломатски услуги на тогашниот лидер на земјата, Моамер Гадафи. Иако поднесе жалба на пресудата, суспендираниот налог за апсење стапува на сила веднаш, додека постапката за жалба ќе продолжи. 

Поврзани вести