Skip to main content

САД нудат награда од 50 милиони долари за апсење на венецуелскиот претседател Мадуро

Facebook/Nicolás Maduro

Соединетите Американски Држави нудат награда од 50 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, изјави вчера американската државна обвинителка Пем Бонди.

Во видео објавено на „X“, Бонди го обвини Мадуро за соработка со групи, вклучувајќи ја венецуелската затворска банда Трен де Арагуа и нарко-картелот Синалоа.

Според американскиот Стејт департмент, САД претходно понудија награда од 25 милиони долари за информации поврзани со Мадуро.

Поврзани вести