Skip to main content

Руте разговарал со Келог за траен мир во Украина

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, објави дека во Брисел разговарал со американскиот специјален претставник за Украина и Русија, Кит Келог, за прашањето за траен мир во Украина.

Задоволство ми е да му посакам добредојде на Кит Келог во Брисел. Тој денеска се консултираше со членките на Алијансата за заедничка работа за обезбедување праведен и траен мир во Украина“, напиша Руте на платформата Икс.

Тој додаде дека треба да се направи многу повеќе и дека ќе продолжи блиската соработка „за да се постигне крај на војната и трајна безбедност за сите нас“.

Поврзани вести