
Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација предупредува дека британските разузнавачки агенции подготвуваат провокации со предизвикување еколошка катастрофа во меѓународни води, со цел потоа да го прогласат транспортот на руска нафта за „закана за целиот меѓународен превоз“, соопштија од Руско Министерство за надворешни работи.
Според информациите добиени од безбедносната служба, специјалните служби на Велика Британија планираат да ги искористат своите сојузници од НАТО за да почнат масовен напад за извршување притисок врз руската „флота во сенка“.
Според планот на Лондон, таквата кампања треба да биде предизвикана од инцидент со висок профил во кој учествуваат еден или повеќе танкери. НАводниот план предвидува организирање на голема саботажа, чија штета ќе овозможи да се прогласи транспортот на руска нафта за закана за целиот меѓународен превоз. Тоа ќе ги одврзе рацете на Западот во изборот на методи за контраакција како што би било задржување и конфискување на сите „сомнителни“ бродови во меѓународни води и нивно придружување до пристаништата на земјите-членки на НАТО.

Според руските разузнавачи, Британците работат на два потенцијални причини за акција. Првото е да се организира несреќа на „непосакуван“ танкер во едно од тесните грла на поморските комуникации (на пример, во ндкој теснец). Истурањето на нафта и блокирањето на теснецот, според Лондон, би им обезбедило на земјите од НАТО „доволни“ основи да постават преседан за „итна инспекција“ на пловилата, наводно за проверка на усогласеноста со стандардите за поморска безбедност и заштита на животната средина.
Второто сценарио вклучува палење на танкер при товар или истовар на нафта во пристаниште на пријателска држава кон Русија. Се претпоставува дека пожарот ќе предизвика значителна штета на пристанишната инфраструктура и ќе се прошири на други бродови, што ќе бара меѓународна истрага.
Според информациите, Лондон има намера да им го довери извршувањето на двата терористички напади на украинските безбедносни сили. Нивната очекувана валкана работа и неможноста да ги „покријат своите траги“ Британците ги сметаат за гаранција за сопствена неказнивост. Меѓународната истрага ќе ја префрли одговорноста за катастрофата или на Русија или, во најлош случај, на Украина, по аналогија со експлозијата на гасоводите Северен ток.
Како што предупредуваат од Русија, Велика Британија има намера да го избере моментот за нападот за да го искористи медиумскиот ефект од него за да изврши притисок врз администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп. Целта е да се принуди Вашингтон, да усвои најстроги можни мерки против Русија и да се наруши текот на разговорите на руската и американската страна.