
Руски, украински и американски претставници вчера се состанаа во Абу Даби во прв ваков формат со цел да ги разгледаат условите за завршување на четиригодишната војна во Украина. Москва продолжува да инсистира Киев да ги повлече своите сили од Донбас, јавија светските агенции.
Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, спорното прашање за територијата останува главна пречка за постигнување договор. Разговорите треба да продолжат денеска, како дел од американскиот план за завршување на конфликтот.
Ова се првите директни разговори меѓу Москва и Киев за овој план, кој има за цел да стави крај на војната која од 2022 година однесе десетици илјади животи.

Македонски




