Skip to main content

Русија предлага втора рунда директни преговори со Украина во Истанбул в понеделник

фото: МИА

Русија денеска соопшти дека составила мировен „меморандум“ во кој ги наведува своите услови за прекин на конфликтот со Украина и ќе му го презентира на Киев на директните разговори во Истанбул следниот понеделник.

„Нашата делегација… е подготвена да го презентира овој меморандум на украинската делегација и да ги даде потребните објаснувања за време на втората рунда директни разговори во Истанбул в понеделник, 2 јуни“, изјави министерот за надворешни работи Сергеј Лавров.

Поврзани вести