Skip to main content

Русија: Постигнавме договор со Украина за евакуација од Курск

Русија тврди дека постигнала договор со Украина и Црвениот крст за евакуација на жителите од областа Курск во западна Русија, чии делови се окупирани од Украина.

Луѓето кои моментално се наоѓаат во регионот Суми во Украина, откако беа одведени до украинските сили при борбите во Курск, може да бидат префрлени преку соседна Белорусија, а потоа во Русија.

Црвениот крст потврди дека дава поддршка само за евакуираните цивили во регионот Суми, но не потврди дека постои некаков договор.

Висок руски генерал минатата недела изјави дека руските сили ослободиле повеќе од 800 квадратни километри територија заземена од Украина во областа Курск, што претставува околу 64 отсто од вкупната територија што украинските сили ја зазедоа откако Киев изврши ненадејна офанзива и инваија минатото лето.

Поврзани вести