Skip to main content

Русија планира заеднички летови со САД до вселенската станица до 2027-та

Русија и Соединетите држави ќе ја продолжат соработката во вселената во наредните години и покрај политичките тензии.

Руската вселенска агенција Роскосмос во саботата во Москва објави дека ќе изврши нови заеднички летови до Меѓународната вселенска станица (МВС – ISS) до 2027 година.

Во овој период се планирани два лета со руски вселенски капсули Сојуз до ISS и три со капсулите „Crew Dragon“ на компанијата „SpaceX“ на американскиот претприемач Илон Маск, објави новинската агенција Интерфакс во Москва, повикувајќи се на Роскосмос.

Ова ќе обезбеди сигурност на работата на ISS, објави Роскосмос. Руската агенција, исто така, соопшти дека нејзините космонаути ќе можат да останат на ISS подолго – седум до девет месеци наместо просечните шест.

Поврзани вести