
Лондон и Париз, кои според тврдењата на руската надворешна разузнавачка служба планираат да ја снабдат Украина со нуклеарно оружје, „се поигруваат“ со тоа прашање заедно со Киев, изјави денеска портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Таа додаде дека повеќе не станува збор само за закани и изјави, туку, според нејзините зборови, се преземаат конкретни активности.
Велика Британија и Франција се подготвуваат и веќе се во процес на манипулирање, не реторички, туку практично, со прашањето за нуклеарно оружје“, изјави Захарова, пренесува РИА Новости.
Според тврдењата на руската Надворешна разузнавачка служба, поради „тешката ситуација“ во Северноатлантската алијанса, Лондон и Париз планираат да префрлат нуклеарна бомба или барем „валкана“ бомба во Киев.
Француската бојева глава со мала големина ТН75 од балистичката ракета М51, која се лансира од подморници, се разгледува како опција, наведува агенцијата.
Како што соопшти руската служба, бидејќи плановите на западните земји грубо го кршат меѓународното право, тие сакаат тоа да го прикажат како Украина сама да го развила оружјето.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека добиените податоци ќе бидат земени предвид, меѓу другото, и во преговорите за решавање на конфликтот. Помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, најави дека властите ќе ги споделат сите информации со САД, пренесува РИА Новости. објави Скопје1.мк

Македонски



