Skip to main content

Русија објави локално примирје поради поправки во близина на нуклеарната централа Запорожје

igorn-from-pixabay

Локално примирје стапи во сила денеска во областа на нуклеарната централа Запорожје во југоисточна Украина. Идејата за примирјето е да се дозволат поправки на далноводите, изјавија руски претставници.

Централата е под руска контрола од почетокот на војната. Моментално таа не произведува електрична енергија и се потпира на надворешни извори на енергија за да го одржува своето нуклеарно гориво ладно и да спречи сериозен инцидент.

Локален режим на прекин на огнот стапи во сила утрово во 7 часот по московско време во областа на нуклеарната централа Запорожје во Украина, изјави генералниот директор на корпорацијата Росатом, Алексеј Лихачев.

Според него, локалното примирје ќе им овозможи на тимовите, меѓу кои има и специјалисти од Росатом, да ги поправат далноводите до централата што беа оштетени во гранатирањето на 10 февруари, за што тој ја обвини украинската армија.

Шефот на Росатом прецизираше дека поправките ќе траат најмалку една недела.

Русија и Украина постојано се обвинуваат меѓусебно за загрозување на безбедноста на објектот поради воени дејствија во негова близина.

Поврзани вести