Skip to main content

Русија и Кина изведоа заеднички воздушни маневри и симулирано бомбардирање во Јапонското Море

ant-rozetsky-on-unsplash

Руските воздухопловни сили и воздухопловните сили на Народноослободителната армија на Кина спроведоа заеднички вежби од голем обем со стратешки бомбардери во Јапонското Море, Источнокинеското Море и западниот дел на Тихиот Океан.

Како што пишува „AviVector“ четири руски стратешки бомбардери Ту-95МС полетале од воздухопловната база Украинка и се упатиле кон Јапонското Море. Авоните Ту-95МС извршиле симулирани лансирања на ракети Kх-101 над Јапонскиот архипелаг.

Истовремено два Ил-78М од воздухопловната база Белаја обезбедиле воздушно полнење гориво за руските Ту-95МС над Јапонското Море. Потоа руските Ту-95МС се упатиле кон Источнокинеското Море, каде што се сретнале со два кинески Х-6К и се здружиле во заедничка, комбинирана ударна група.

За време на мисијата за обука, извидувачки авион A-50У над Јапонското Море дејствувал како команден пункт и одржувал комуникација со голем противподморнички брод од Проектот 1155 што дејствувал во Охотското Море.

Од кинеска страна, воздушниот простор бил контролиран од KJ-500A.

Бомбардерите биле придружувани од кинески ловци J-16 и J-11, заедно со руски Су-30СM.

Како одговор на овие руско-кинески мманеври, биле подигнатиавиони Ф-15 на Воздухопловните сили на Република Кореја (Јужна Кореја) и Ф-35 на Јапонските воздухопловни сили.

Поврзани вести