
Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша закон со кој се утврдува нов комеморативен датум 19 април – Ден на сеќавање на жртвите од геноцидот врз народот на Советскиот Сојуз.
Измените се направени во важечкиот федерален закон „За деновите на воена слава и комеморативните датуми во Русија“.
Претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, од своја страна, истакна дека повеќе од 13 милиони цивили во СССР станале жртви на нацистичката окупација.
Наша должност е да го зачуваме споменот на херојството на нашите дедовци и прадедовци, кои го спасија целиот свет од нацистите. И да ги спречиме другите да ја заборават вистината за злосторствата на нацистите и херојството на советскиот народ“, објасни Володин.

Македонски




