Skip to main content

Ројтерс и Блумберг: Трамп блефира, договорот за извоз на енергенси во ЕУ е нереален и неизводлив

Ројтерс и Блумберг веруваат дека американскиот претседател Доналд Трамп блефира во изјавите за постигнатиот договор со Европа и го нарекуваат склучениот договор за извоз на енергија од ЕУ од САД нереален.

Ветувањето на ЕУ за увоз на енергија во вредност од 250 милијарди долари од САД е бесмислено“, пишува Ројтерс.

Во анализата се наведува дека американските производители нема да можат да го покријат ова ниво на увоз.

Вкупната вредност на увозот на сурова нафта од САД, течен природен гас и коксен јаглен од страна на ЕУ во 2024 година изнесувала околу 64,55 милијарди долари. Ова е околу 26% од ветените 250 милијарди долари што ЕУ треба да ги троши за енергија од САД годишно според постигнатиот договор.

Во исто време, вкупната вредност на американскиот извоз на сите три вида енергетски носители за 2024 година изнесува 165,8 милијарди долари. Ова значи дека дури и ако ЕУ го купи целиот обем на американско прозиводство, тоа сепак нема да достигне 250 милијарди долари.

Поврзани вести