Skip to main content

Ројтерс: Ако Трамп ја натера Индија да не купува руска нафта, Москва ќе затвори нафтовод преку кој САД купува нафта од Казахстан

arul-from-pixabay
arul-from-pixabay

Доколку американскиот претседател Доналд Трамп, со воведување високи царини, успее да ја натера Индија да ги сопре набавките на нафта и други енергенси од Русија, официјален Кремљ може да одговори со затворање на цевководот CPC (Касписки цевководен конзорциум) – преку кој САД и нивните сојузници (Шеврон, Ексон, Шел, итн.) извезуваат до 1 милион барели дневно од Казахстан преку руското пристаниште Новоросијск, пишува Ројтерс.

Според агенцијата, потенцијалното запирање на CPC и прекинувањето на извоз на руска нафта преку Индија ќе создаде дефицит од 3,5 милиони барели дневно, што е околу е 3,5% од глобалната понуда.

Цените на нафтата би можеле да скокнат над 80 долари за барел, предупредуваат аналитичарите на „ЏП Морган“.

Американскиот весник, пак, „Њујорк тајмс“ објави дека Индија ќе продолжи да купува руска нафта и покрај заканите на Трамп. Освен тоа, според неколку локални извори, во тек се преговори за нови договори за зголемување на обемот на купување.

Поврзани вести