Skip to main content
Ким Џонг Ун ќе гради луксузно одморалиште

„Рајскиот град“ во Cеверна Кореја ќе ја има една од најголемите плажи во светот, хотели, водни паркови

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и неговата ќерка извршиле увид во најновото летно одморалиште во Cеверна Кореја.

Како што објавува „Дејли мејл“, проектот „Wonsan Kalma“, кој се состои од 150 згради, ќе биде една од најголемите плажи во светот и клучен елемент во развојот на туризмот во земјата. Ќе вклучува хотели, водни паркови, ресторани и аеродром.

Според Ким, одморалиштето ќе може да прими до 100 илјади посетители во исто време. Тој ветил дека севернокорејскиот „рајски град“ ќе биде отворен во јуни 2025 година.

Поврзани вести