
Потрошувачките цени на кафето во Бразил беа пониски во јули за 1,01 % во споредба со претходниот месец, што е прв пад за година и пол, објави Бразилскиот институт за географија и статистика (IBGE).
Се проценува дека овој пад на малопродажните цени на кафето во најголемата земја во Јужна Америка е резултат на пониските цени што им се исплаќаат на земјоделците по бербата на годинашната реколта, која е прикрај.
Во текот на изминатите 18 месеци, кафето беше еден од главните двигатели на инфлацијата во Бразил, вториот најголем пазар за кафе во светот, забележа IBGE.
Пријавениот пад на потрошувачките цени на кафето во Бразил за јули следуваше по влијанието на флуктуирачките меѓународни пазари, првенствено поради одлуката на американскиот претседател, Доналд Трамп, да воведе царина од 50 % на бразилските стоки.
Минатата недела, фјучерсите за кафе во Њујорк пораснаа за 8 %, бидејќи инвеститорите се загрижени дека царините би можеле да ја попречат трговијата меѓу најголемиот потрошувач на кафе во светот, САД, и најголемиот производител и извозник во светот, Бразил.