Skip to main content

„Потребен ни е труп, инаку луѓето веќе нема да излегуваат“, извикуваат грузиските демонстранти

Телевизискиот канал „Имеди“ објави контроверзна видео снимка од протестен митинг во Тбилиси, на кој се гледаат четворица маскирани демонстранти кои изјавуваат дека им треба жртва на протестите за луѓето да продолжат да протестираат.


Потребен ни е труп, инаку луѓето веќе нема да излегуваат, освен ако не се случи нешто сериозно, луѓето веќе нема да доаѓаат да ја рушат власта со факели и огномет.

Грузиски судови денеска наредија притвор за двајца опозициски лидери, додека во земјата продолжуваат протестите против замрзнувањето на преговорите за приклучување кон Европската Унија.

Ника Гварамија, лидер на најголемата опозициска партија „Коалиција за промени“, доби 12 дена затвор поради обвиненија за хулиганство и непослушност кон полицијата. Неговата партија тврди дека тој бил неправедно и насилно приведен.

На Алеко Елисашвили, лидер на партијата „Силна Грузија“,  одреден е притвор од два месеци, под обвинение за напад на политичар од владејачката партија, што тој го негира.

Грузиските медиуми известуваат дека тој бил физички нападнат за време на приведувањето. Осум други опозициски активисти се обвинети за „организирано насилство“, дело што може да се казни со до девет години затвор.

Поврзани вести