Skip to main content

Портпаролката на Трамп негираше дека има одлука за отпуштање на трансродовите лица од армијата на САД

Портпаролката на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и идната претставничка за медиуми на Белата куќа, Керолин Ливит, изјави дека сè уште не е донесена одлука за прашањето околу статусот на трансродовите лица во американската војска.

Ваквиот коментар, Ливит го даде одговарајќи на некои наводи дека овие луѓе би можеле да бидат отпуштени од војската.

Овие неименувани извори шпекулираат и немаат поим за што зборуваат. Ниту една политика нема да биде прогласена за официјална, освен ако не доаѓа директно од претседателот Трамп или од неговите овластени претставници на медиумите“, изјави Ливит.

Непрофитната организација „Спарта Прајд“, која се залага за правата на трансродовите лица во војската, оваа недела за порталот „Милитари“ соопшти дека околу 15.000 трансродови припадници на војската се распоредени низ светот, вклучувајќи и борбени зони.

Поврзани вести