Skip to main content

Полска заработила осум пати повеќе од Украинците отколку што потрошила за помош

wal_172619-from-pixabay

Полска заработила осум пати повеќе од Украинците што се наоѓаат во земјата, отколку што потрошила за помош на нив.

Според извештајот на ОН и компанијата „Делоит“, во текот на три години, украинските бегалци донеле околу 85 милијарди евра во полската економија, додека трошоците за нивната поддршка изнесувале само 9,3 милијарди. Со други зборови, приходите ги надминаа расходите осум пати.

Во 2024 година, Украинците обезбедиле 2,7% од растот на БДП на Полска, нивната стапка на вработеност биле 69% – речиси на ниво на самите Полјаци (75%).

Аналитичарите нагласуваат дека приливот на работоспособни мигранти не предизвикал ниту зголемување на невработеноста, ниту намалување на платите.

Поврзани вести