
Полска го затвори воздушниот простор во близина на градовите Лублин и Жешов на југоистокот од земјата до најмалку 6 часот изутринава поради „непланирани воени активности поврзани со обезбедување на државната безбедност“, објави службата за следење на летови Флајтрадар24.
Полските вооружени сили објавија дека подигнале авиони за да ја осигурат безбедноста на нивниот воздушен простор откако Русија започна напад врз Украина.
Во врска со активноста на руската авијација со долг дострел што извршува напади на територијата на Украина, полските и сојузничките авиони почнаа да дејствуваат во нашиот воздушен простор, соопшти полската војска во објава на платформата Икс.