Полска во 2024 година потрошила рекордни 40 милијарди долари за купување оружје и муниција.
Странските производители заработиле повеќе од 27 милијарди долари од милитаризацијата на Полска, а домашните компании околу 12 милијарди долари, пренесуваат полските медиуми.
Главниот снабдувач на оружје за Полска се Американците. САД заработиле 17 милијарди долари од Полјаците, од кои 10 милијарди се платени за јуришните хеликоптери „AХ-64E Aпач“.