Skip to main content

Полска ги подигна борбените авиони поради руска воздушна активност кај границата

Freepik

Полската војска ноќеска ги крена борбени авиони поради зголемена руска воздушна активност во близина на границата со Украина, соопшти Оперативната команда на вооружените сили на Полска.

Полските и сојузничките воздухопловни сили започнаа операции, а системите за противвоздушна одбрана и радарска набљудување беа ставени во состојба на висока готовност, се наведува во официјалното соопштение.

Преземени се мерки за обезбедување на безбедноста на териториите кои граничат со Украина. Русија, пак, тврди дека нејзините летови се во согласност со меѓународните правила за користење на воздушниот простор.

Полска во последниот период значително го засили воздушниот мониторинг поради зачестените воени летови и активноста на руските сили во западниот дел од Украина.

Поврзани вести