Skip to main content

Папата Франциск се заблагодари на здравствените работници кои го лекуваат, го повтори повикот за мир во светот

Папата Франциск во денешната порака им се заблагодари на здравствените работници кои го лекуваат во римската болница „Гемели“ и го повтори својот повик за мир во воените зони ширум светот.

Како и претходните недели откако Папата (88) беше примен во болница на 14 февруари, неговата порака беше објавена од Ватикан.

Папата повика на мир во Украина, Појасот Газа, Израел, Либан, Мјанмар, Судан и Демократска Република Конго.

Ватикан синоќа соопшти дека клиничката состојба на папата Франциск во последните неколку дена останува стабилна и тој добро реагира на терапиите.

Папата покажал „постепено, мало подобрување“ во последните денови.

Лекарите синоќа информираа дека папата Франциск е во стабилна состојба, без треска и добро ниво на кислород во крвта.

Поврзани вести